25 години од големиот скандал, Моника Левински изгледа подобро и привлекува внимание

Од:

Моника Левински јавноста ја памети како љубовницата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, а сега воодушеви со нејзиното појавување на премиерата на филмот „What’s Love Got To Do With It“ во Лондон.

Денес, 49-годишната активистка и авторка во јавноста е најпозната како љубовница на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, а во реткото излегување покажа дека денес изгледа уште подобро отколку пред 25 години, кога беше во центарот на скандалот со прељуба.

Во кратка јакна со светки и елегантни панталони со висок струк, Моника ја истакна својата женствена фигура, а вниманието го привлече нејзиното младешко лице.

На Моника и денеска уште снадоврзува прекарот на најпознатата љубовница на светот, која го стекна во 1998 година, кога сите дознаа за нејзината афера со тогашниот американски претседател.

Таа дојде во Белата куќа во летото 1995 година како практикант, а работата ја доби преку семејна врска. Непосредно пред да биде откриена нејзината афера со Клинтон, таа беше префрлена во Пентагон бидејќи нејзините претпоставени сметаа дека поминува премногу време со претседателот. Таа подоцна призна дека имала девет сексуални односни со Клинтон во Овалната соба на Белата куќа.

Откако нивната афера излезе на виделина, Бил Клинтон негираше се за што беше обвинет. Тој зборуваше за се во едно интервју пред неколку години, во кое ја спомна Левински и истакна дека му е жал што се се случило тогаш, а кажа и дека во тоа време бил под голем притисок.

Неговата сопруга Хилари му прости се, а по повод Денот на вљубените му посвети романтична честитка на својот профил на Инстаграм.

„Среќен Ден на вљубените на мојот главен стискавец“, напиша Хилари покрај старата заедничка фотографија.

Би можело да ве интересира

Бил Клинтон има корона

Бил Клинтон отпуштен од болница

Ана Ололовска

Клинтон денеска ќе биде пуштен од болница

Ана Ололовска

Бил Клинтон примен во болница заради инфекција на крвта

Катерина Ѓуровски

Според тајни документи Клинтон одбил да се сретне со британската кралица

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бил Клинтон изгледа задрема додека го слушаше говорот на Бајден

Жарко Настоски