Бијонсе ќе ги израдува своите обожаватели со нова песна под називот „Brown Skin Girl“, а веќе ја започна и екранизацијата на оваа нумера. Како што пренесува Daily Mail, дел од спотот ќе се снима во јужниот дел на Лондон, а една од локациите ќе биде на брегот на реката Темза.
Таа на своите соработници им рекла дека има едно посебно барање, а тоа е дека сака во спотот да има „обичен народ“, односно луѓе од различни возрасти, култури, етнички структури и пол.
„Бијонсе сака овој спот навистина да ја претстави душата на песната. Таа сака и „нормалните луѓе“ да ја раскажат својата приказна. Снимањето почна во Лондон, но Бијонсе ќе се појави во оној дел кој ќе се снима во Америка“, рече извор упатен во ситуацијата.