Бесплатна стрип школа за средношколци

Од:

Почнувајќи од оваа, во секоја наредна сабота во 12 часот, во просториите на галерија „Ко-Ра“ (Дом на градежници) ќе се одржува стрип школа за средношколци.

Школата е наменета за ученици од средните училишта и е бесплатна. Ќе се одржува во наредните 12 викенди. Ќе ја организира Здружението за промовирање на стрип културата „Макстрипови“, под покровителство на Град Скопје.

Предавачи се стрип авторите Здравко Гиров и Давор Драмиќанин, а предавањата ќе бидат збогатени со многу гости-предавачи, професионалци во сродни медиуми на стрипот: цртачи, илустратори, сценаристи, аниматори, режисери…

Целата активност ќе заврши со групна изложба на младите таленти и промотивен број на стрип магазинот „Синдром“ во кој ќе бидат објавени делата на македонските стрип цртачи.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ