Татјана Матејаш Тајчи беше вистинска југословенска сензација, а потоа наеднаш се повлече од сцената. Беше една од најпопуларните и најбараните југословенски пејачки, а на врвот на нејзината слава го „полуде“ целиот свет.
Поради нејзиниот автентичен стајлинг и изглед ја нарекуваа „Мерилин Монро“. Нејзините хитови важат за песни за сите времиња и за сите генерации, кои и денес се многу популарни и слушани.
Со својот најголем хит „Ајде да лудуваме“ победи на Југовизија во Задар во 1990 година. Тајчи беше една од најголемите поп ѕвезди во деведесеттите, а како што еднаш откри, како тинејџерка била жртва на сексуална злоупотреба.