На плус 30 степени Целзиусови, Берлин денеска ја отвора најдолгата пивска градина во светот, која се простира во должина од 2,2 километри од Централниот булевар, односно на т.н. Алеја на Карл Маркс. Настанот ќе трае три дена, до недела, и се очекуваат 800.000 посетители, јави ДПА.
За фестивалот се обезбедени 2.400 видови пива од 350 производители од целиот свет. Годинава, во фокусот се компанииите од Нов Зеланд.
Сепак, медицинските лица препорачуваат умереност при консумацијата на алкохол на високи температури.
– На топло време, алкохолот навлегува во крвта побрзо од вообичаено, вели докторот од германскиот Црвен крст, Петер Сефрин.
За настанот се предвидени и 19 музички сцени во должина на пивската градина.