Актерката Џенифер Гарнер потврди дека нејзиниот сопруг Бен Афлек сака уште едно дете.
Гарнер, која третото дете, синот Самуел, го роди во февруари годинава, изјави дека таа не е толку сигурна дека сака уште една принова во семејството.
Некаде прочитав дека размислуваме за тоа да добиеме уште едно дете. Фактот дека Бен сака уште едно дете е точен. Но, народот сака да чита разни работи, а јас ќе бидам првата која ќе каже дека не е точно да размислуваме за четврто дете. Морам да ви кажам дека тоа би било тешка битка за мене, би било премногу. Мислам дека нема да имам повеќе деца, рече Гарнер.
Актерката, која покрај Самуел има и две ќерки, Виолет и Серафина, го опиша Афлек како прекрасен татко, а призна и дека таа самата се уште се привикнува на тоа да има и оти мора да воспитува три деца.