Бен Афлек и Џенифер Гарнер се разведуваат

Од:

Само еден ден по одбележувањето на 10-годишнината од нивниот брак, актерите Бен Афлек и Џенифер Гарнер објавија дека се разведуваат, информира магазинот „Пипл“.

– По многу размислување донесовме тешка одлука за развод. Ќе продолжиме да се сакаме и ќе останеме пријатели и ќе им се посветиме на нашите деца. Ве молиме да ја почитувате нивната приватност во овие тешки мигови, се наведува во заедничкото соопштение на Афлек и Гарнер.

Во соопштението тие нагласуваат дека тоа ќе биде нивни единствен коментар за оваа, како што ја нарекиваат, „лична семејна тема“.

Афлек и Гарнер, кои се запознаа на снимањето на филмот „Дајрдевил“ во 2003 година, имаат три деца – деветгодишната Вајолет, шестгодишната Серафин и тригодишниот Семјуел.

Дека во односите меѓу Бен и Џенифер „не оди се како подмачкано“ почна да се шпекулира уште по манифестацијата на доделувањето на оскарите пред две години, кога Афлек во својот поздравен говор по добивањето на златната статуетка за филмот „Арго“, нивниот брак го нарече „бизнис“.

Во истиот тон продолжи и Гарнер, која лани во интервју за „ИнСтајл 2014“ изјави дека нивниот брак „одамна излегол од фазата на додворување“ и дека таа повеќе и нема енергија за нешто такво.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска