Најдобриот италијански стрелец, Марио Балотели е во голема дилема дали навистина ќе стане татко. Тој изјави дека ќе ги преземе сите одговорности околу детето на неговата поранешна девојка, Рафаела Фико, но дури откако таа ќе даде дозвола да се направи ДНК – анализа и да се потврди дека детето е негово.
„Иако не сакам со јавноста да го делам својот приватен живот, се чувствувам присилен да ги објаснам и разјаснам моите односи со Рафаела. Ние бевме заедно до почетоткот на март. Потоа се немаме видено, ниту слушнато. Таа знае дека немам намера да и се вратам. Пред неколку дена од други луѓе разбрав дека е бремена, па одлучив да и се јавам и да ја прашам дали е тоа вистина“, изјави Балотели.
Тој призна дека е многу разочаран од однесувањето на Рафаела која веднаш ја продала својата приказна на новинарите.
„Мислам дека не е нормално да не знаеш ништо до 4. месец од бременоста. Не разбирам зошто порано не ми се јавила да ми каже. Ќе ги преземам сите одговорности за детето, само доколку таа даде дозвола да се направи ДНК анализа и да се потврди моето татковство. Многу ме налути таа со својата желба прво да заработи пари од ова, а потоа јас да бидам вклучен во приказната“, рече тој и додаде дека само поради овие причини одлучил да излезе јавно и да го каже својот став и ова ќе биде и последен пат тој да разговара за таа тема.