Дури и по 12 години од убиството на Жељко Ражњатовиќ, продолжува интересот за неговиот брачен живот со популарната ѕвезда Светлана Ражњатовиќ – Цеца.
Горан Геровац, поранешен член на Српската волонтерски гарда, соопшти некои шокантни тврдења, вклучувајќи го и оној што за наредбата на Аркан за шишањето на Цеца, но и ќотекот што таа постојано го добивала.
Дневниот весник „Ало“ пренесува извадоци од интервјуто за емисијата „Кирилица“, емитувано на ТВ „Happy“, во кое тој изнесе детали од бракот на славниот српски пар.
Иако пред јавноста Аркан беше преставен како човек кој и купува фустани и и носи цвеќе, сепак имало тука и некои поинакви ситуации.
Освен што призна дека нивниот бербер по наредба на Аркан, ја направил славната „машка“ фризура на Цеца, Геровац вели дека Аркан не ја следел постојано својата сопруга и не бил толку љубоморен како што пишуваа новинарите тогаш, но понекогаш се случувало да „му пукне филмот“, па да и залепи некој шамар.