Аријана Гранде цел на потсмев поради новата јапонска тетоважа

Од:

Пејачката Аријана Гранде стана хит на интернет и цел на потсмев поради новата тетоважа на јапонски јазик, која во превод гласи „Мала скара на јаглен“.

Намерата всушност била натписот на јапонски да гласи „седум круга“, како што е насловот на еден од нејзините последни хитови.

Но, тату мајсторот, по сѐ изгледа сурово се пошегувал со неа.

Инаку, Гранде е вегетаријанка, па интернет шегите за нејзината згрешена тетоважа не стивнуваат, иако таа веќе ја тргна обајавата на Твитер со сликата од тетоважата. Во еден од коментарите претходно, таа и самата се пошегува – „оставете ја мојата скаричка на мир“.

Се чини, твитерџиите уште долго ќе ја нарекуваат „скараџика“.

Би можело да ве интересира

Епстајн погребан во необележена семејна гробница на Флорида

Ана Ололовска

Лери Кинг се разведе од својата седма сопруга

Ана Ололовска

Раскинаа Кејти Холмс и Џејми Фокс

Ана Ололовска

Бритни Спирс повторно предизвикува гневни коментари на интернет

Ана Ололовска

Поранешниот маж на Ејми Вајнхаус преку тужба бара милион фунти

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бијонсе фотошопирана на плакатот за „Кралот лав“

Ана Ололовска