Супермоделот Бар Рафаели по победата на Португалија над Чешка, на својот Твитер остави порака која ја налути убавата девојка на Кристијано Роналдо.
„Се што ми паѓа на памет кога ќе го видам Кристијано Роналдо, е дека со закон би требало да се забрани гелот за коса“, напиша Рафаели.
Неколку минути подоцна, следуваше одговор од Ирина Шаек.
„Хејтувањето не изгледа убаво, научи да сакаш“.
Бар Рафаели на тоа брзо одговори:
„Те сакам тебе, го сакам и твојот дечко, ама не сакам гел“.
Како и да е, гелот и Крисијано се во полуфинале.