Актерката Анџелина Џоли во пијана состојба ѝ се јавила на Џенифер Анистон и ѝ оставила порака на говорната секретарка предупредувајќи ја за однесувањето на својот поранешен сопруг, Бред Пит, пишува магазинот NW.
Целиот свет зборува за Џенифер и Бред по нивната историска средба на доделувањето на САГ-наградите. Двајцата, наводно, се во врска, па дури и празниците ги поминале заедно во вилата на ѕвездата од „Пријатели“.
Анџелина се чини не може да прифати дека нејзиниот поранешен сопруг и актерката се смириле, па ѝ се јавила својата поранешна ривалка со цел да го расипе нивниот однос.
„Таа ѝ рече дека Бред веќе ја изневерува и дека тој никогаш нема да се промени“, рече изворот.
„Џенифер не ѝ поверува во ниеден момент. Ова не е нивен прв конфликт и единствената работа за која размислува Џенифер е колку е тажно што децата на Анџелина мора да ја гледаат својата мајка во такво издание“, заклучи изворот.