Анџелина Џоли позираше гола за модното списание Harpers Bazaar, а во интервјуто откри и како се справува со последиците од разодот со Бред Пит.
На фотографија која списанието ја сподели на „Instagram“ Џоли позира потполно гола прекриена со проѕирен вел.
На друга фотографија Џоли позира облечена во проѕирна црна мрежа.
Во интервјуто, Анџелина се опиша себеси како дива во срцето и немирна и откри дека сака да се пресели во странство, но Бред се противи на тоа.
„Јас би сакала да живеам надвор, а тоа ќе го сторам веднаш штом моите деца наполнат 18 години. Во моментов, ние мора да бидеме близу до нивниот татко“, рече актерката.