Анџелина Џоли сепак и понатаму се бори да го задржи примарното старателство над своите деца со Бред Пит, иако тој бара да биде подеднакво вклучен во животот на неговите наследници.
Како што сега пренесуваат странските медиуми, актерката најверојатно ќе ја изгуби оваа битка. Поминаа три години откако таа поднесе барање за развод од Пит, а тие сè уште не склучиле договор за старателство за петте малолетни деца што ги имаат.
Децата живеат со својата мајка уште од разводот, и иако Бред минува повеќе време со нив, Анџелина сепак се стреми да ја игра улогата на примарен родител.
Малку е веројатно дека Џоли ќе остане примарен старател. Судот нема докази дека Бред е некако несоодветен родител, нема докази за злоупотреба на деца или злоупотреба на дрога и алкохол, па затоа е малку веројатно судијата да му додели заедничко старателство. Анџелина е многу неразумна. Бред е добар татко, тој се грижи за своите деца – изјави адвокатот на семејството, Дејвид Писар.