Ана Курникова ја раскина врската со Енрике Инглезиас?

Од:

Според пишувањето на американските медиуми, на 31-годишната Ани Курникова и здодеало да го чека Енрике Иглезиас, со кого е 12 години во врска, да ја одведе пред олтар.

– Во врска се 12 години и неа и е доста да чека. Ќе го остави Енрике ако тој набрзо нешто не преземе. Заедно се многу долго време, и Ана има чувство дека до брак никогаш нема да се случи ако се продолжи со вакво темпо. Подготвена е да појде понатаму, да направи чекор напред, раскажа пријател на поранешната тенисерка.

Иглезиас (37) и Курникова се запознаа во 2001 година, на снимањето на спотот за неговиот хит „Escape“. Од тогаш се неразделни, а иако ја чуваат својата приватност како змија нозете, во мај се зборуваше дека ќе го кажат судбинското „да“ на раскошна цеременија во Мајами.

Ана наводно веќе со години носи огромен веренички прстен со дијамант, вреден три милиони фунти, но ниту таа, ниту Енрике никогаш не потврдиле дека се верени.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска