Амбер Хард доби ќерка

Од:

По долгиот и исцрпувачки развод со Џони Деп, глумицата Амбер Хард на Инстаграм објави дека има бебе. Девојчето се вика Уна Пејџ Хард.

„Многу сум возбудена што ја споделувам оваа вест со вас. Одлучив да имам дете пред четири години. Сакав да го сторам тоа под мои услови… Уна Пејџ е почеток на остатокот од мојот живот“, напиша глумицата, меѓу другото, во објавата.

Извори блиски до Хард откриваат дека бебето го родила сурогат-мајка оти глумицата открила дека не може да роди.

Иако Амбер штотуку ја откри веста, малата Уна се родила на 8 април годинава. Веста доаѓа по измачувачкиот развод со Џони Деп, и неколкуте судски процеси откако Хард го обвини за физичка злоупотреба и насилство. Амбер и Џони беа венчани од 2015 до 2017 година.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска