Алиса Милано „на тапет“ поради шега со црнечко лице

Од:

Алиса Милано е последна во низата познати личности белци кои се ставени „на тапет“ поради тоа што во минатото ја употребиле или злоупотребиле шегата со црнечко лице.

Таа сепак ги отфрла обвинувањата на порталот „Лајфзет“, оценувајќи ги како „валкана кампања“.

„Вие, г**нари… На сликава јас ја пародизирам Снуки од серијата „Jersey Shore“. Тенот на Снуки (којашто е „срцка“, патем), е вреден за пародизирање исто колку и тенот на Трамп! Така што, е**те се и вие и вашата валкана кампања!“, напиша Милано на Твитер.

Инаку, глумицата од хит-серијата „Волшебнички“ (Charmed) важи за голема (и гласна) противничка на политиката на американскиот претседател Доналд Трамп.

Протестите против полициската бруталност и против расизмот во САД, што делумно се и против Трамп, меѓу другото, ја поттикнаа и таа серија прозивки на јавни личности кои во минатото се шегувале со „црнечкото лице“, но и го употребиле во своите ТВ и филмски проекти. Денес, тоа се смета за крајно навредливо за луѓето со потемен тен на кожата.

Така, комичарот Џими Кимел најави привремен прекин на своето шоу. А, на Џими Фелон му се закануваше и целосно затворање на неговото сатирично шоу, поради негов настап во 2000 година. Комичарите, меѓу кои и Тина Феј, се извинија за тие нивни потези од минатото.

Во тие јавни прозивки се најдоа и глумците Томас Хауел, Ден Ејкројд, Тед Дансон и други, а некои од настапите и сцените се од 1990-тите и 80-тите години.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска