Холивудскиот актер Алек Болдвин се ожени со својата инструкторка по јога, Хилари Томас во црква во Њујорк.
Болдвин (54) и Томас (28) се венчаа синоќа во катедралата Свети Патрик.
Томас носеше свилена венчаница „Амсале“, а Болдви костум дизајниран од Том Форд.
Болдвин претходно беше во брак со актерката Ким Бесинџер, со која има ќерка. Тие двете присуствуваа на венчавката.