92-годишниот медиумски магнат се вери со 25 години помладата девојка: Да ја поминеме втората половина од животот заедно

Од:

Еден од најмоќните медиумски тајкуни, 92-годишниот Руперт Мердок и неговата 25-годишна девојка Ен Лесли Смит се свршија.

Ова ќе биде петти брак за Мердок. Тој претходно беше во брак со моделот Џери Хол, претприемачката Венди Мердок, новинарката Ана Мердок Ман и стјуардесата Патриша Букер.

– Бев многу нервозен. Се плашев да не се заљубам, но знаев дека ова ќе ми биде последно. Подобро да биде. Среќен сум – изјави Мардок за Њујорк Пост.

Тој ја запроси својата избраничка со голем дијамантски прстен на денот на Свети Патрик во нивниот стан во Њујорк.

-И двајцата со нетрпение очекуваме да ја поминеме втората половина од животот заедно“, додаде Мердок.

Парот се запозна во ноември минатата година, а фотографите летово ги уловија во близок однос на плажа.

Ен-Лесли дипломирала на универзитетот во 1980 година пред да се омажи за кантри пејачот Честер Смит, кој исто така поседувал 13 телевизиски станици во Калифорнија и Орегон.

Таа денес работи како водителка на локалното радио и е посветена на религијата.

„Кога почнав да одам со Бога, работите на светот ми изгледаа бесмислени“, изјави Ен-Лесли претходно за американската христијанска радиодифузна мрежа.

Венчавката треба да се случи летово.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ