76-каратен дијамант на аукција за 15 милиони долари

Од:

Еден од најпознатите скапоцени камења на светот, 76-каратниот дијамант на австрискиот надвојвода Јозеф, наскоро ќе биде понуден на аукција на која се очекува дека ќе достигне цена од 15 милиои долари, соопшти аукциската куќа Кристи.

Како што пренесува АФП, станува збор за безбоени дијамант, од 76.02 карати и дебелина од 1.5 сантиметри. Пронајден е во денеска затворениот индиски рудник Голконда, откаде потекнуваат познатите дијаманти „Kohinoor“ и „Regent“.

Дијамантот кој го носи името на некогашниот сопственик, надвојводата Јозеф Август  (1872-1962) во текот на октомври ќе биде изложен во Њујорк, Хонг Конг и Женева, каде што на 13-ти ноември ќе биде ставен на лицитација.

Дијамантот на надвојводата Јосеф последен пат го смени сопственикот во 1993-та година кога е продаден на аукција во Женева за 6.5 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска