На просечните мајки им е потребно 409 денови за да ја вратат фигурата и состојбата пред породување. Најновите британски истражувања спроведени на 1000 жени покажале дека точно една година, еден месец и две недели се потребни за новопечените мајки да се вратат во форма. За разлика од нив, холивудските мајки, екстремно брзо се враќаат во форма. Тие само по неколку месеци од денот на породувањето, се враќаат на модните писти и изгледаат совршено.