Поранешната сопруга на Елвис Присли, Присила и нивната ќерка Лиза Мари, ги изненадија стотината обоќаватели, кога ненадејно се појавија на „бдеењето“ во Грејсленд, на 35-годишнината од смртта на кралот на рокенролот.
Присила изјави дека сликата на стотина обожаватели како држат свеќи за Елвис е неверојатна. Присила е глумица и деловна жена која од Елвис се разведе во 1973 година.
Лиза Мари возбудено кажа дека ги сака сите, поради нивната посветеност на Елвис.
Фановите на Елвис Присли, секога година, од целиот свет се собираат во Грејсленд, каде што е погребан Елвис. Организаторите проценуваат дека на „бдеењето“ оваа година, се собраа околу 75.000 луѓе.