Актерката Габриела Цедило која беше повредена за време на снимањето на третото продолжение на „Трансформери“ и доби трајни оштетувања на мозокот, доби отштета од 18 милиони долари. Според адвокатите на актерката, шокантно е што Рaramount Pictures и DreamWork’s Studios студијата направиле се, како не би ги платиле сметките од лекувањето на Цедило.
Габриела Цедило работела како статист во филмот. Актерката била повредена додека возела автомобил на филмскиот сет во Индија. Несреќата се случила кога во сцената режисерот имал предвидено дека кабел под електричен напон треба да пукне и да пролета над возилата.
Но, кабелот наместо да ги промаши возилата, со голема сила удрил во предното стакло на автомобилот кој го возела Цедило. Таа веднаш била пренесена со хеликоптер во најблиската болница и била оперирана, но за жал трајните оштетувања на нејзиниот мозок не можеле да се спречат.
Она што наиде на големо негодување во јавноста е дека студијата со кои младата актерка потпишала работни договори Рaramount Pictures и DreamWork’s Studios, веднаш по несреќата направиле се што можат да не ги платата медицинските сметки, па дури и поднеле неколку тужби до повредената.
На кобниот ден, Цедило била една од многубројните статисти кои учествувале во сцена на автопат каде требало да има голема гужва од автомобили. Габриела го возела сопствениот автомобил Тојотоа седан од 2006-тата и за тоа и биле платени дополнителни 25 долари.
Луѓето кои учествувале во сцената револтирано сведочеле пред судот дека никогаш не биле предупредени дека нивните животи се доведени во ризик.
„А кога ќе се земе во предвид сумата која ни беше исплатена, навистина не вредеше“, изјавил еден од статистите во филмот.