10 илјади црвени рози за Мајкл Џексон

Од:

Обожавателите на починатиот пејач Мајкл Џексон оставија на неговиот гроб во Лос Анџелес 10 илјади црвени рози и така ги одбележаа трите години од смртта на кралот на поп музиката.

Џексон почина на 25 јуни 2009 година на 50 години од преголема доза на лек. Личниот лекар на Џексон, Конрад Мареј, осуден е на четири години затвор во ноември минатата година за убиство на пејачот од негрижа.

Големиот мавзолеј каде се наоѓа ковчегот на Џексон, е затворен за јавноста, но неговите обожаватели ги оставаат цвеќињата и пораките пред стаклениот прозор, блиску до неговиот гроб.

Фановите на Џексон оваа година се здружиле и собрале 30.000 долари за да купат 10.000 црвени рози (омиленото цвеќе на пејачот).

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска