Зголемувања на социјалната помош и надоместокот за деца со пречки во развојот

Од:

Од јуни за 10 отсто се зголемува износот на социјалната парична помош, а за 25 отсто паричниот надоместок за родители на деца со пречки во развојот од материјално необезбедени семејства, како и за згрижувачките семејства за деца без родители, најави премиерот Никола Груевски денеска во Делчево.

– Во Програмата имавме ветено зголемување на социјалната парична помош од 5 отсто, но пред три месеци донесовме решение да се зголеми социјалната и парична помош за 10 отсто од јуни годинава, а корисниците да ги добијат средствата во јули. За 25 отсто ќе порасне надоместокот за згрижувачките семејства за деца без родители и за родители кои имаат деца со пречки во развојот од материјално необезбедени семејства. Нивното зголемување исто така ќе почне од јуни, а ќе биде исплатено на почетокот на јули, рече премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска