Здружението на правници Роми ќе поднесе кривична пријава за тепањето 10-годишно дете во Кочани

Од:

Здружението на правници Роми од Скопје ќе поднесе кривична пријава против непознат сторител за малтретирање и претепување малолетник во инцидентот што во неделата вечерта се случи во населбата Трајаново Трло во Кочани, од кој во јавноста се појави и видео снимка.

Од Здружението истакнуваат дека е документиран случајот со физичката пресметка во која 10-годишно дете од ромска националност било задржано и претепано од неколку повозрасни и непознати лица.

– Во јавноста дополнително излезе видео на кое се гледа како лица, на кои не може да им се утврди идентитетот, му нанесуваат тешки физички повреди на малолетник кој наводно влегол во двор од семејна куќа во обид да изврши кражба. Видеото е испратено и до Министерство за внатрешни работи. Здружението на правници Роми најостро ги осудува физичките напади врз малолетни лица мотивирани од предрасуди со етничка димензија, вклучително и овој случај каде жртва на насилство е дете на кое му е потребна итна психо-социјална поддршка и ресоцијализација заради нормално функционирање и правилен развој, се истакнува во писмениот допис од Здружението на правници Роми.

Од Здружението бараат надлежните институции итно да го расветлат и да му дадат разрешница на случајот, а до медиумите апелираат за соодветно информирање на јавноста, согласно етичките вредности и принципи од Кодексот на новинарите.

Би можело да ве интересира

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка