Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Од:

Полицијата поднесе кривични пријави против две кумановки и петмина банкарски службеници, соопшти денеска МВР. Кривичната пријава против двете кумановки и петмината банкарски службеници е за измама, злоупотреба на лични податоци и злоупотреба на службена положба и овластување. Тие се сомничат дека оштетиле повеќе граѓани за сума од над 12 милиони денари.

-СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.С.Д.(23) и М.В.(35), двете од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, како и против М.П.(34), С.М.(27), Н.Н.(34), Д.М.(48) и С.О.(36) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ – наведе МВР.

Првопријавената, во периодот од јануари до јули 2026 година во 18 наврати, искористувајќи лични податоци на повеќе лица, во нивно име и без нивна согласност аплицирала за брзи потрошувачки кредити. По одобрувањето и исплатата на парите, тие биле противправно присвоени од прво и второпријавената. Додека, останатите пријавени, вработени како банкарски службеници во филијала на една банка, овозможиле реализација на измамата и располагање со парични средства, со што им овозможиле на прво и второпријавената да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 12.221.500 денари.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он