Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Од:

Осумнаесетгодишен жител на Делчево пронашол лични документи и поголема сума пари, по што ги предал во полиција, информира Министерството за внатрешни работи.

На 24 октомври, во 14 часот, младиот делчевец во Полициската станица Делчево предал патна исправа, лична карта и парични средства во износ од 114.000 денари и околу 2.000 евра.

Документите и парите ги пронашол на булеварот „Македонија“ во Делчево, а му припаѓале на лице од градот.

Од МВР ја поздравија постапката на младиот делчевец, оценувајќи ја како позитивен пример за чесност, совесност и граѓанска одговорност.

„Ваквите постапки заслужуваат јавно признание и претставуваат поттик за негување на општествените вредности, меѓусебната доверба и одговорното однесување во заедницата“, соопшти Министерството.

Би можело да ве интересира

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски