Нов инцидент поради кравите во Кривопаланечко: тешко повредена 67-годишна жена

Од:

Жена на 67-годишна возраст од селото Дрење, кривопаланечко, била физички нападната од три лица поради недоразбирање околу крави кои предизвикувале штета. Таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствениот дом во Крива Паланка.

Случајот бил пријавен на 21 ноември во 9 часот во ОВР Крива Паланка. Според пријавата, Г.Ѓ., А.Ѓ. и А.Ѓ. ја нападнале жената, по што полицијата презела мерки за расчистување на случајот.

Настанот повторно го актуелизира проблемот со слободното движење на стоката во кривопаланечко, каде што жителите подолг период реагираат на штетите што ги предизвикуваат животните оставени без соодветен надзор.

Би можело да ве интересира

Жена на 80 години пронајдена почината во Кисела Вода

Пијан виничанец направил две сообраќајки и двапати бегал

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје