Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Од:

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на улицата „362“ во Скопје, откако во него удрило товарно возило „мерцедес“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Несреќата била пријавена во 16:30 часот. Според информациите од МВР, со товарното возило со скопски регистарски ознаки управувал 48-годишниот М.С. од Скопје.

Детето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход