Здравковски: Народот ги има телефонските броеви од пратениците на СДСМ, нека ги праша што гарантира протоколот

Од:

На социјалната мрежа Твитер се појави листа со телефонски броеви од сите пратеници кои се дел од македонските партии во владеачката коалиција, односно од политичките субјекти кои веќе го поддржаа францускиот предлог.

„Телефонски броеви од пратениците на СДСМ, ДПТМ, ВМРО-Народна, ССМ, НСДП, ПП и еден „независен“. Порачајте им да не го предаваат народот!“ стои во објавата на Твитер.

– Го видов списокот со телефонски броеви на Твитер. Сега народот ќе има шанса да ги праша директно пратениците во кој дел од договорот има цврста гаранција за нашиот јазик и идентитет. Нека им одговорат и дали го виделе билатералниот протокол кој Бујар Османи го крие десет дена од нас – рече за „А1он“ пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски.

Пратеникот не е сигурен зошто тој и колегите од опозицијата воопшто ќе доаѓаат на пленарна седница кога документите се нецелосни.

– Никој не знае што ќе се случува. Протоколот го нема, а тој е најважен. Не знам зошто ќе ја разгледуваме информацијата од Владата кога фали протоколот. Слушам дека Бујар Османи се подготвува да го потпише. Тоа ти е исто како да потпишеш нешто на нотар, а после тоа да ти кажат дека си жирант – додаде Здравковски.

Утре во Собранието пратениците ќе расправаат за неколку документи од францускиот предлог, но не и за билатералниот протокол кој е клучен за стартот од преговорите со Европската Унија.
Владата десетина дена ја убедува јавноста дека францускиот предлог е добар и дека со него се гарантираат македонскиот јазик и идентитет, но необјавувањето на билатералниот протокол фрла сомнеж кај пратениците дека има нешто спорно во неговата содржина.

Неофицијално и неколку пратеници од СДСМ негодувале што ќе расправаат за нецелосен предлог и што ќе треба да донесат заклучок врз нешто што не го виделе на хартија, а е дел од преговарачката рамка.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ