СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Од:

Денеска на Правниот факултет во Скопје се одржува заедничко предавање на претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова и претседателот на Црна Гора – Јаков Милатовиќ. Но, на македонските професори од Правниот факултет во Скопје, МВР им оневозможи пристап на своите работни места, им забранани да влезат и на паркингот на Универзитетот, наводно поради безбедносни причини, велат од СДСМ.

„Ова е повреда на автономијата на Универзитетот, чекори кои ги преземаат само авторитарни режими. Од кого се плаши власта? Од професорите? Од студентите? Од граѓаните? Професорите ли се закана за безбедноста на Сиљановска? Досега на Правниот факултет присуствувале бројни носители на највисоките државни функции но вакво нешто не се случило. Дали поради настаните во Србија и владата на Мицкоски е во параноја или ги спроведува истите тактики како нивната сестринска партија СНС, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“