Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, информираше дека денеска официјално упатува писмо до европските институции и меѓународните партнери поради, според него, „системското демонтирање на евроатлантската иднина на Македонија и стратешката саботажа на македонската интеграција“.

„Ние спремивме писмо официјално, јас денеска сакам да ги известам сите евроамбасадори во земјава, високите функционери на Европската унија, Европската комисија, Советот и на НАТО врска со системското демонтирање на евроатлантската иднина на Македонија благодарение на изјавите и најавите на премиерот Христијан Мицкоски“, истакна Филипче.

Тој нагласи дека станува збор за сериозен и намерен процес на блокирање на европската перспектива на државата.

„Ова е намерен обид да се онеспособен од остварувањето на стратешката цел за интеграција додека истовремено се саботира и фундаменталниот интерес за евроатланска заедница за брза интеграција Северна Македонија во Европската унија.“ рече Филипче.

Претседателот на СДСМ предупреди дека актуелната власт свесно ја оттурнува државата од ЕУ и ја носи во изолација како и дека остварува руски интереси.

„Премиерот Христијан Мицкоски денеска го потврди предавството на македонските национални интереси. Денеска потврди дека не сака во ЕУ и дека ќе ја држи во изолација далеку од Европа. Тоа значи дека нема никакви реформи, тоа значи дека нема никаква контрола од Европа и тоа според него ќе трае ако треба и децении.“ рече Филипче.

Ваквата политика има директни последици за граѓаните и идните генерации, додаде Филипче.

„Тој сака да ги држи како заложници идните генерации, децата, сите граѓани, зошто? За да без контрола преку тендерите прават грабеж на народните пари.“

Филипче истакна дека членството во НАТО и ЕУ е суштински дел од македонскиот национален интерес.

„Македонски национален интерес е членството во НАТО и ЕУ. Затоа што во НАТО успеавме да ја обезбедиме безбедноста на земјава на нашите граници.“

На крајот, Филипче повика на широка општествена мобилизација за зачувување на европската иднина на државата.

„Ќе се спротивставиме на овие намери… со силна партиска активност, обединување на фронтот за евроинтеграција… затоа што не смееме да дозволиме да ја пропуштиме оваа историска шанса. Иднината на земјата е ставена под внатрешен со на влада на ВМРО-ДПМНЕ.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг.

Би можело да ве интересира

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци

Кривичен: Осудениот Јане Боваровски за „Ласкарци“ согласно пресудата на Врховниот суд се ослободува од понатамошно издржување на казната затвор до донесување на нова одлука

Филипче: Нашиот стратешки партнер САД ја намали воената помош за земјата зашто знае каква власт нè води

Мицкоски пред Атлантскиот совет: За членство во ЕУ треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ