ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Од:

Дали СДС е свесен дека цената на ова што го збори е национално предавство и уништување на идентитетот и ставање на нова јамка на вратот на македонскиот народ како што веќе ставија со францускиот предлог и договорот со Бугарија? Ако сфаќа значи свесно прават предавство поради бизнисите на Заеви поврзани со бугарски фирми, ако не се свесни еве им објаснуваме барем на оние малкумина кои преостанале и кои слепо го следат двоецот Заев – Филипче да се освестат. Оваа слаткоречива изјава на Филипче полна со загриженост за иднината на народот е всушност параван за предавство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Европската идеја е жива и ние достоинствено ќе ја браниме затоа што таа е идеја на почит, добрососедство и прифаќање на идентитетот на сите, а не потчинуванње и понижување на нашиот народ како што СДС тоа го замислува. Ние се бориме за решение кое ќе е достоинствено и нема да потклекнеме пред притисоците, предавствата и интригите на СДС кои се полоши и од оние кои сакаат наше обезличување.

Кога ви зборува Филипче само потсетете се кој е тој, какви се неговите морални вредности и со која екипа лојално и бескомпромисно ја уништуваше Македонија. Тоа се зборови на човек кој е потонат во криминал, без ронка респект кон својот народ и држава и кој спие на увото дека нашиот народ ќе ги заборави сите злодела што тој и Заев ги направија и дека има кратко памтење и повторно ќе го прелажат. Овие луѓе ги знаете, ништо добро Македонија не видела од нив. Ниту пак ќе види, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот – мирот се гради со одговорност, а не со поделби

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

Филипче за тврдењето дека власта го прифатила Францускиот предлог: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

Предраг Петровиќ

„Комуњарска коњино“ и „политички кловн“ – Српската заедница со жесток напад врз Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија