Здрава храна и посета на претстава за деца од социјален ризик

Од:

Посета на претстава и пакети со здрава храна добија деца од повеќе социјални категории во рамки на кампањата за здрава храна и здрави навики.

По иницијатива на Институтот за јавно здравје на Република Македонија, Здравје Радово ја поддржа детската едукативна претстава Распеана турлитава, што се оддржа на 22 декември во Театар Комедија. Целта беше преку игра и забава да се пренесат пораките за здрави навики и здрав стил на живот кај најмладите.

Како што соопшти млекарницата, поделени билети во Домот за деца без родители „11 Октомври“, Дневниот центар за деца од улица Шуто Оризари, членовите на Здружението на лица со церебрална парализа од Велес и штитениците на Дневниот центар за лица со попречености „Детелина“ во Чашка, Домот за деца „25 Мај“ од Скопје, Дневен центар за деца кои не одат на училиште при Детската амбасада „Меѓаши“ и на членови на креативните студија „Ѕвезда“, „Детски свет“ и „Спирит“.

На децата од Здружението на лица со целебрална парализа и Дневниот центар Детелина во Чашка им беше овозможено да присуствуваат на претставата, а беше и донирана и храна која се препорачува како правилна исхрана за здрав стил на живот.

Храна ќе биде доделена и на децата од Дневниот центар во Шуто Оризари. Во оваа акција компанијата уште еднаш апелираше на здрава исхрана кај најмладите, но и на препораките за внес на квалитетни млечни производи особено кај децата во развој. И во новата 2015 година компанијата ќе продолжи активно да ги помага ваквите проекти.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска