Заштита на децата и по распад на бракот

Од:

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски на прес-конференција се заложи за доздавање услови за здрав раст и развој на децата и по распадот на браковите.

„Во случаите кога престанува заедничкото живеење на родителите, Законот дава можност родителите да се спогодат за начинот на одржување на личните однос и непосредни контакти со детето. Доколку родителите тоа не можат да го направат во рок од два месеци, работата ја преземаат Центрите за социјална работа коишто се должни да донесат решение со кое ќе го уредат начинот на одржување на личните односи и непосредни контакти со детето. Но сепак, искуството покажува дека доста често се случува еден од родителите да не ги изврши обврските коишто произлегуваат од решението за видување издадено од надлежниот Центар за социјална работа, и покрај тоа што со измените на Законот на семејството уште во 2004 година, се предвиде можност со одредба во решението, на родителот да му се ограничи правото на одржување на личните односи и непосредни контакти со детето, се додека не ги исполни договорените обврски. На пример неплаќање на издршка за детето, непочитување на рокот, односно терминот во кој детето треба да му го предаде на видување со другиот родител, одбивање да го врати детето во договорениот термин“, рече Ристовски.

Врз добиените сознанија, што ги има министерството за евидентираните случаеви за непочитување на одредени решенија на Центрите за социјална работа со кои се уредуваат личните односи помеѓу детето и родителот кои не живеат заедно, министерството се погрижи за надминување на овие состојби, спроведени со стручни напори, појасни министерот.

„Тоа подразбира потреба за поцелосно уредување на личните односи на дете со родител со кого не живее заедно, на тој начин што секое нереализирано видување поради болест или друга причина, ќе се предвиди да се реализира наредниот ден, односно викенд, во зависност од утврдената динамика на одржување на личните односи“ изјави министерот.

 

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска