Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Од:

Маскирано вооружено лице ограбило банка во населбата Илинден. Првичните информации говорат дека е одземена голема сума на пари.

Идентитетот на ограбувачот засега останува непознат, а очевидците велат дека со парите избегал во непознат правец.

„Денеска (28.02.2024) во 10.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во експозитура на една банка во нас.Илинден – Скопје едно лице со закана со огнено оружје од вработените одзело пари“, велат од МВР.

Полицијата во моментов врши увид, а повеќе информации од Министерството за внатрешни работи најавуваат за подоцна денеска.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Украина ќе остане без пари за две недели

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Спречен бомбашки напад пред Банка на Америка во Париз

А1он