На неколку локации во Скопје и во Штип во склоп на „Неделата против гладта“ денеска ќе се собира храна.
Банката за храна Македонија заедно со своите партнер организации „Уметност на живеење Македонија”, „СУНА Македонија”, „Арт Лaјф”, „Здружение на жени Струмица” и „Младинска Алијанса – Тетово”, ги поканува сите заинтересирани да донесат храна која ќе биде поделена на оние на кои им е најпотребна.
Во Скопје денеска ќе се собира храна пред Универзалната сала и слаткарницата „Малага“ (кај БЕКО полициска станица во Центар) од 11 до 15 часот.
Додека пак во Штип во исто време ќе се собира храна Паркот на Уметноста на живеењето (позади Хотел ОАЗА Штип).