Во Битола уапсен човекот кој се закануваше на обвинителите Јовески и Русковска преку писма

Од:

Во Битола е уапсен човекот кој му се закануваше на државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, дознава „А1он“. Станува збор за 56-годишен маж. Писмата, според сознанија на „А1он“ ги испраќал од поштата во Прилеп.

Според наши извори, истиот човек и се заканувал и на обвинителката Вилма Русковска. Во моментот непотврдени се информациите за неговиот идентитет. Засега не е познато, дали приведениот навистина е член на терористичка организација, како што тврдеше во писмото со закани.

За овој чин, Јовески преку Јавното обвинителство објави минатата недела. Тој посочи дека преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година во 10:26 часот, доби закана по неговиот живот. Препорачаната пратка со заканата е напишана на македонски и на англиски јазик. Заканата се однесува на конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021 година, со тоа што во предметот е донесена Резолуција со која постапката е запрена бидејќи е утврдено дека нема место за јавнообвинителско постапување.

Заканата, како што се наведува во писмата, е од терористичка организација која се бори и убива за неправда и нејзините членови се подготвени да гинат за целите на организацијата.

Јавниот обвинител на Северна Македонија истакнува дека се залудни ваквите закани и во оваа прилика нагласува дека заканите, па дури и да се по живот нема да го поколебаат во примената на законите и во професионалното и одговорно постапување на Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Јовески изненаден од повлекувањето на предлогот да биде уставен судија: Не се наведени причини, нанесена ми е штета

А1он

Повлечен предлогот Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставен суд

Горан Наумовски

Се создаде атмосфера дека довербата во обвинителите е нереално ниска, вели Јовески во последното обраќање како државен обвинител

А1он

Кој ќе го наследи Јовески: Фетаи, Раичевиќ и Коцевски чекаат мислење од Советот на јавни обвинители

Александар Тодески

Почнува постапката за избор на нов државен јавен обвинител

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска која беше инструмент на власта во прогонот на неистомислениците и патриотите, сега има можност да ги признае сите злодела