А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Македонија има 180 згрижувачки семејства, но има потреба за нови

by А1он30/07/2014 - 14:38118
Share0

Децата од згрижувачките семејства денеска го посетија Аква паркот во Скопје во рамки на новиот проект на Министерството за труд и социјална политика „На секое дете му е потребно семејство“. Волонтерите на Црвениот крст беа постојано покрај дечињата, а со нив заедно беше и популарниот пејач Даниел Кајмакоски.

Добивај вести на вибер

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој ги посети дечињата, најавувајќи го проектот истакна дека згрижувачките семејства се најхуманата, најсоодветната форма која е најблиска до биолошките семејства.

– Во Македонија во моментов има 180 згрижувачки семејства кои се грижат за точно 288 деца без родителска грижа од кои 80 се деца со пречки во развојот, а сите останати се деца без родители и родителска грижа, истакна Спасов.
Тој посочи дека целта на овој проект е преку најразлични активности на центрите за социјална работа преку директна и непосредни контакти со граѓаните да се подигне свеста, но исто така и да се информираат за значењето и можностите кои што ги даваат на згрижувачките семејства.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да се информираат за згрижувачките семејства ќе можат да го направат тоа на мејлот zgrizuvanje.gov.mk или на бесплатниот број 15505.

Во моментов, како што рече Спасов, има потреба од такви згрижувачки семејстава и образложи дека овие семејства остваруваат паричен надоместок од страна на државата, месечно од 6.500 и 8.000 денари за трошоци за покривање на згрижувањето. Но и доколку не исполнуваат услов за старосна пензија, а биле згрижувачко семејство повеќе од 5 години имаат право, после навршување на 62 години да се стекнат со постојан паричен надоместок од 8.000 денари до крајот на својот живот.

socijala

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски06/07/2022 - 12:0706/07/2022 - 12:46

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски24/11/2020 - 22:3225/11/2020 - 08:37

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска09/11/2020 - 16:5809/11/2020 - 17:08

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он08/05/2020 - 21:20

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска08/05/2020 - 14:2808/05/2020 - 15:02

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска03/02/2020 - 14:5703/02/2020 - 14:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен