Во Кочанско лани пошумени 37 хектари со 34.000 садници

Од:

Во Кочанско минатата година се пошумени 37 хектари со 34.000 садници. Од подружницата шумско стопанство „Осогово“ од Кочани на ЈП „Македонски шуми“ велат дека лани работеле на пошумување и заштитата од ерозија на терените на Осоговијата и во околината на градот Кочани.

– Минатата година пошумивме вкупно 17 хектари голини, ерозивни терени и места на кои имавме одредено опожарување на шума .Оваа површина ја пошумивме со 34.000 садници од чемпрес, црн и бел бор и багрем. Само на таерените на Пониква кај месноста викана Аероедром минатата година со неколку наши акции пошумивме 15 хектари голини со над 30.000 садници од смрча, изјави Орце Димитров, директор на ШС „Осогово“ Кочани.

Во рамките на акцијата „Ден на дрвото“ истакна Димитров, се пошумени уште два хектара на терените над градот Кочани кај фабриката за вода, во која акција се вклучија и граѓаните на општината.

Според планот на Шумско стопанство „Осогово“ од Кочани и годинава ќе се пошумуваат голини и ерозивни терени на територијата на планината Осогово, онаму каде што е неопходно подигнување нови шумски насади.

Би можело да ве интересира

Невремето во Скопје кршеше дрвја, настрадаа коли на „Партизанска“

Жарко Настоски

МЗЗПР ќе засади 33 садници за секое загинато лице на работното место во земјава лани

Татјана Ташкова

Намалено шумското производство во вториот квартал годинава

Ана Ололовска

ЈП „Паркови и зеленило“ ќе исече три суви дрвја во Центар

Ана Ололовска

ЈП „Паркови и зеленило“ ќе сече дрво во Паркот на франкофонијата

Ана Ололовска

Почна пролетното садење дрвја во Скопје

Ана Ололовска