СДСМ:Повеќе зелено, реализирана акцијата на СДСМ и СДММ за пошумување во Делчевско

Од:

Акцијата којашто денеска на 5 различни локации ја реализираше Социјалдемократската младина и СДСМ успешно се спроведе и во Делчевско.

Под мотото „Повеќе зелено“ партиски функционери, меѓу кои и Марко Михаилоски, Благој Бочварски, Љупчо Николовски, Горан Трајковски, Соња Михаиловска, Марија Ангелова, заедно со членови, активисти, млади, пратеници, засадија 2.000 садници на потегот кај населеното место Нов Истевник.

Во рамки на акцијата на 5 различни локации засадени се над 10.000 садници. Локациите се избрани согласно анализа на повеќе фактори, меѓу кои и застапеноста на шумскиот фонд а се опфатени и локации зафатени со пожари во изминатите години.

Пошумувањето е значајна и општествено одговорна активност која го зголемува зеленилото, влијае на создавање здрава и животна средина и поттикнува еколошка свест, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ОЈО со детали за операцијата „Чибук“: Истрага против најмалку десет лица

А1он

Советник во Шуто Оризари од Алијансата за Албанците дел од криминалната група на Шеваљ Муареми

СДСМ: Повеќе зелено, успешно спроведена акцијата за пошумување во Ресенско

Предраг Петровиќ

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Арсовска најави голема акција: Во Скопје ќе се садат нови дрвја

А1он

Се апсат функционери на ДУИ: Голема полициска акција на повеќе локации во земјава

Орце Костов