Во Ѓорче Петров отворен парк за миленици

Од:

Во реонскиот парк во општина Ѓорче Петров се отвори нов парк за миленици, со што им се излезе во пресрет на барањата на граѓаните за локација на која ќе имаат можност за рекреација на нивните домашни миленици.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски при денешната посета на паркот изјави дека можеби изгледа мала инвестиција, но Ѓорче Петров првпат добива ваков простор.

-Ова е барање од граѓаните кое постојано доаѓаше до мене во годините од кога сум јас градоначалник – информираше Наумоски и најави поставување на уште неколку вакви паркови на повеќе локации во Ѓорче Петров.

Паркот е на површина од 17 со ширина од 6 метри, соодветно заграден, уреден со реквизити за милениците, клупи за седење и корпи за отпадоци.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Пропуст од 25 милиони евра: Кинеските возови биле нарачани без простор за миленици и велосипеди

Орце Костов

По заминувањето од функцијата, ексградоначалникот на Ѓорче се гоштевал на општинска сметка со свинско и ракија

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Спасено куче кое било фрлено во скопска шахта, се заплеткало и ги изгризало каблите за струја

Ана Ололовска

ВИДЕО: Кучето кое битолчанец го застрела со пушка остана живо

Искра Манојлоска

ВИДЕО: Битолчанец монструозно уби куче, тврди дека ја нападнало неговата сопруга

Искра Манојлоска