ВИДЕО: Битолчанец монструозно уби куче, тврди дека ја нападнало неговата сопруга

Од:

Битолчанец чиј идентитет се уште не е познат брутално нападна куче и е снимен како носи нешто што личи на оружје сокриено во платно.

„Зошто го уби кучето? Легално ли е тоа што го носиш?“, женски глас му дофрла на човекот кој агресивно одговара дека неговата сопруга била нападната од кучето.

Видеото се споделува на социјалните мрежи со пораки од граѓаните кои бараат да се казни насилникот.

Од здруженијата за заштита на животните постојано има јавни повици да престане насилството врз уличните кучиња, кои во минатото често беа снимени од очевидци и потоа санкционирани.

Пред повеќе од една година, советникот на Општина Македонски Брод, Бране Јованоски, доби две пријави откако беше снимен како шутира куче.

Во Кривичниот законик за изживување врз животни е предвидена казна затвор до една година.

Би можело да ве интересира

Анима Мунди: Лајка е последната алка во синџирот, a единствената која испорачува резултати

МВР: Ќе биде поднесена соодветна пријава за мажот кој уби седум кучиња во Струга

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Анима Мунди: Масовно убиство на бездомни кучиња во Струга

Ана Ололовска

Анима Мунди: Агенцијата за храна и ветеринарство повторно доследна во несопособноста

Анима Мунди: Град Скопје да одобри неповратна финансиска помош за ЈП Лајка

Ана Ололовска

Анима Мунди: Зошто државата е против активистите да ги стерилизираат и вдомуваат бездомните животни?

Ана Ололовска