Две пријави за советникот од Македонски Брод кој шутираше куче

Од:

Општинскиот советник во Македонски Брод, Бране Јовановски, заработи две пријави за бруталното шутирање на кучето кое седеше пред влез на врата од локал. Двете пријави се поднесени електронски од страна на граѓани, велат од МВР за „А1он“. Полицијата веќе постапува, а Јовановски ќе треба да биде повикан во станица да даде исказ.

Советникот Јовановски беше снимен и објавен на социјалните мрежи како малтретира куче, што пак, според кривичниот законик е казниво дело. Тој во изјава за „А1он“ не го негираше случајот, туку побара да го оставиме да спие. На прашањето, да каже дали има шутирано куче, тој вели „Море, што ме малтретираш човек, што е проблемот?“.

Граѓанските активисти за заштита на животните, како и здруженијата бараат да се казнат ваквите случаи на малтретирање и изживување врз животните. Тие велат дека несанкционирањето на ваквите појави, допринесува и други лица да бидат мотивирани да го повторуваат истото. Кривичниот законик во тој поглед е јасен, за залоупотреба на животно предвидува казна до една година затвор.

„Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“, пишува во Кривичниот законик.

Полицијата истовремено работи и на поднесување пријава против малолетникот од Старо Нагоричане, кој шутираше куче на игралиште во Куманово.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Пропуст од 25 милиони евра: Кинеските возови биле нарачани без простор за миленици и велосипеди

Орце Костов

ВИДЕО: Спасено куче кое било фрлено во скопска шахта, се заплеткало и ги изгризало каблите за струја

Ана Ололовска

ВИДЕО: Кучето кое битолчанец го застрела со пушка остана живо

Искра Манојлоска

ВИДЕО: Битолчанец монструозно уби куче, тврди дека ја нападнало неговата сопруга

Искра Манојлоска

Во Ѓорче Петров отворен парк за миленици

Жарко Настоски