(ВИДЕО) Пропуст од 25 милиони евра: Кинеските возови биле нарачани без простор за миленици и велосипеди

Од:

Македонски железници не дозволува внесување и превоз на миленици, ниту превоз на велосипед во кинеските возови, затоа што во времето на Владата на Никола Груевски кога се нарачувале композициите од Кина за кои се потрошија 25 милиони евра, овие барања не биле дел од спецификациите за превозните средства.

Во тендерската документација која ја доби „А1он“, има неколку барања од државата како купувач на четири моторни и две електромоторни патнички композиции, но ниту едно не се однесува на транспортот на миленици и на велосипеди, што е нормално за патничките возови ширум Европа.

„Понудувачот треба да ги нагласи аспектите на удобност, естетика, безбедност и сигурност што ќе резултира со удобно патување. Преминувањето на патниците низ возот треба да биде лесно и безбедно. Погледот треба да биде транспарентен и да не е попречен од бариери. Тоалетите ќе бидат поставени на истиот начин.

Возовите треба да бидат опремени со соодветна климатизација, греење, вентилација, осветлување, акустични и визуелни информации, системи за безбедност и итни случаи, во согласност со стандардите. Понудувачот ќе предвиди полици за багаж според состојбата на ентериерот и искуството од други DMU/EMU проекти за меѓуградска употреба, како и корпи за отпадоци, куки за гардероба, таблети што се преклопуваат, приклучоци за напојување за мобилни уреди итн“, стои во делот на документацијата за опрема во возовите.

Поради немање услови за транспорт на багаж и животни во кинеските возови, МЖ транспорт лани во јуни донесе Правилник за превоз на патници, багаж и животни.

Во него се вели дека кучињата кои се превезуваат со воз, без оглед на големината, треба да бидат обезбедени сокорпакоја спречува касање и декане е дозволено внесување и превоз на кучиња во моторен воз кој нема купеа за изолирање на патници со домашни миленици.

„Меѓутоа, ако тоа не е спротивно на ветеринарните, санитарните и други прописи, дозволено е внесување во патнички вагон и вагон за спиење (вагон со легла) мали припитомени животни затворени во кафези и корпи. Малите кучиња може да се внесуваат само во вагон од 2. класа иако не се затворени во кафез и слично. Истите не смеат да завземаат седиште во возот. Како мали кучиња се сметаат тие кои мерени од земја до гребенот, не надминуват 30 см.
За наведените мали припитомени животни не се плаќа превозна цена, ниту се издава превозен билет“, се вели во членот 39, точка 1 од упатството.

Поголеми кучиња можат да носат само припадниците на МВР, ловците или слепите лица. Може да патуваат во патнички вагони со купе од втора класа, но само ако не се противат сопатниците.

Во правилникот постојано се нагласува дека со миленици може да се патува само во вагон со купе. Но, откако во 2016-та година пристигнаа кинеските возови, МЖ Транспорт оперира во патничкиот сообраќај само со тие композиции и ретко во возниот ред може да се види воз со купеа што ги дискриминира патниците кои нема каде и кому да ги остават своите кучиња.

– Правилникот се донесе за да се заштитат патниците кои се плашат од кучиња. Имавме случај на воз за Битола кога кондуктерот дозволил да влезе патник со куче, а патот трае 3 часа и 40 минути. Кучето можеби било мирно, но од долгиот пат се вознемирило. Тоа го исплашило останатите патници кои реагираа до дирекцијата. Во меѓународните возови се патува во вагони со купе, па условите се прилагодени и за овие категории на патници. За жал, меѓународен воз во Македонија немаме три години – изјави тогаш за „А1он“, директорот за патнички сообраќај, Саша Јовановски.

Ваквите системски пропусти во кинеските возови на своја кожа пред неколку месеци ги почуствуваа и екоактивистот Димче Ацков и пејачката Тања Царовска кои беа симнати од воз на железничката станица во Скопје затоа што таа носела куче. Миленикот на пејачката имал и медицинска потврда и маска, но кондуктерите не им дозволиле да се качат во возот за да не ги вознемируваат патниците.

– Правилникот е дискриминирачки и понижувачки кон луѓето што имаат миленици. Во цел свет е дозволено да се патува со миленик само со маска и Македонија е единствената земја во светот каде се отежнува патувањето со миленик беспотребно. Бараме итна промена на правилникот, да се дозволи патување на миленик само со маска и да запрат со понижувањето и деградацијата на луѓето со миленици. Треба да работат во интерес на сите граѓани, не само во интерес на фобичните граѓани – истакна Димче Ацков за „А1он“.

Би можело да ве интересира

Кинеските дизел возови поправени после четири месеци: Од утре и трет воз за Битола

A1on

Железници добија нова помош за исплата на плати: Само советниците на директорот чинат 20.000 евра

A1on

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

A1on

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

A1on

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

A1on