Во десет градови се спроведува акцијата „Нахрани 10.000“

Од:

Акцијата „Нахрани 10.000“, во организација на мрежата „Сите сити“, која е дел од граѓанската инцијатива „Мрдни со прст“, денеска се спроведува во 10 градови во земјата.

Во Куманово, на акцијата се приклучија и Општинската организација на Црвениот крст на Македонија од Куманово и здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“.

Претседателката на „Инклузива“ Благица Димитрова информираше дека таква хуманитарна акција ќе се спроведува секој месец.

– Акцијата е со цел преку донации од компании и од граѓани да се собере нерасиплива и конзервирана храна која ќе биде дистрибуирана до нашите социјално загрозени сограѓани. Апелираме што поголем број компании и граѓани да донираат денеска. Пунктовите ќе бидат отворени до 19 часот, изјави Димитровска.

Места на кои се спроведува акцијата: Сити Мол Скопје, Трговски центар Зебра – Капиштец, Гиго маркет – Радишани, Веро Џамбо – Скопје, Гиго маркет Драчево, Тинекс на бул. Борис Трајковски (Првомајска), Народна кујна при црквата Свети Петар и Павле, Тинекс Ѓорче Петров, Кит-Го маркет Автокоманда, С-маркет во Ченто (Синѓелич), во близина на Капитол мол (Аеродром), Тинекс пред Драмскиот театар во Скопје, Тинекс на ул. Асном б.б. Во Битола, Тинекс на ул. Захарија Шумљанска 5 (Прилепска) во Битола, Кам маркет 1 (на ул. Васко Карангелески б.б.) во Битола, Кам маркет 1 (на ул. Васко Карангелески б.б.) во Битола, Кам маркет 2 (на ул. Коле Неделковски б.б.) во Битола, Веро Горно во Битола, Пред Беком Јавор во Битола, Тинекс (центар) во Куманово, пред Елида маркет (кај Стопанска банка) Куманово, на плоштадот во Прилеп, кај споменикот на Марко Цепенков во Прилеп, Пред Тинекс маркет во Кочани, пред автобуската станица во Кочани, Маркет Здравец (до главната пошта во Струмица), кај техничкото училиште-Никола Карев (Струмица), на плоштадот Гоце Делчев во Струмица, плоштадот во Радовиш, пред ЕТЦ маркет во Гостивар, пред Монтенегро мегамаркет, во центарот на градот во Гевгелија, Централ Макпрогрес (кај стариот плоштад) во Виница и пред Жито Маркет во Виница.

Целта е да се подигне свеста на граѓаните за проблемот со недостаток на храна со кој се соочуваат многу граѓани во нашата земја, како и да се креира можност редовно да се донира храна до нашите сограѓани преку собирање еднаш месечно на 10 тони храна која ќе заврши во рацете на оние на кои им е најпотребна.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

Орце Костов

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска

Ранци и училишни помагала донација на ZEGIN и фондација „Д-р. Верица Механџиска” за преку 150 деца

„Охридско лето“на Општата болница во Охрид и ги донираше средствата собрани од концертот на „Танец и Ладо“

Катерина Ѓуровски

УНДП и Германската амбасада и донираа компјутерска опрема на МВР за поефикасна контрола на малото и лесно оружје

А1он