Невладина организација донира храна, облека и сапун во тетовскиот воспитно-поправен дом

Од:

Во Воспитно-поправниот дом „Тетово“ денеска пристигна донација од Здружение Институт за развој на заедницата – Тетово. Донирани се: техничка опрема, храна, облека, средства за лична хигиена и образовни материјали.

Како што информираат од невладината организација, целта на донацијата е да се подобрат условите за престој на штитениците во Домот и подготовка за нивна ресоцијализација и реинтеграција во општеството.

– Поддршката беше обезбедена од страна на Здружение ИРЗ Тетово и АСБ Германија. Изминатите години Здружение ИРЗ во континуитет обезбедува поддршка за пенитенцијалните установи како што се Казнено-поправна установи во Штип и Тетово и Воспитно-поправен дом во Тетово, информираат од ИРЗ Тетово.

Од страна на претставниците на Здружение ИРЗ ја потенцираат посветеноста на Управата за издржување на санкции и на ВП Дом Тетово, за подобрување на условите за престој во пенитенцијалните установи за што беа доделени признанија и благодарница за досегашната успешна соработка.

Би можело да ве интересира

Уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово, осомничени се за силување на две малолетнички

Мечка нападна жена во атарот на тетовското село Синичане

Тетовец со 2,63 промили алкохол во крвта возел автомобил

Невремето откорна тенда од ресторан во Тетово, тешко повредена е 29-годишна жена

Горан Наумовски

Пожар во касарната во Тетово, повредени се двајца војници

Горан Наумовски

Започнува Меѓународниот филмски фестивал ВачАут (WatchОut) во Тетово