Од тетовскиот Клинички центар во Секторот за внатрешни работи – Тетово e пријавено дека кај нив со тешки повреди бил донесен 27-годишниот М.З. од овој град.
– Во разговор со полициски службеници, тој изјавил дека во нивниот двор, неговиот чичко С.З., на возраст од 61 година од Тетово, ненамерно го прегазил на ногата со патничко возило, што го управувал наназад, при што се здобил со повредите. М.З. побарал да не се поднесува пријава затоа што било несреќен случај. Полициски службеници излегле на местото – соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
