139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Од:

За само 48 часа, 139 деца биле прегледани на Одделот за педијатрија во Тетово, од кои 12 се хоспитализирани, соопштуваат од Алијанса за Албанците.

Како што наведуваат од партијата, кај децата се регистрирани симптоми како покачена температура, повраќање и дијареја.

„Каде се денес предупредувањата? Каде се прес-конференциите? Каде се министрите, директорите и сите оние кои во Гостивар секој преглед и секое јавување ги броеја како аргумент за создавање јавна паника?“, прашуваат од Алијанса за Албанците.

Од партијата прават споредба со случајот во Гостивар, каде, според нив, биле објавувани кумулативни бројки во кои биле вклучени повторени прегледи, контакти со здравствени установи, телефонски повици и советувања.

„Бројките од ден на ден се користеа за политички цели, додека реалниот број на хоспитализирани лица беше многу помал. Денес имаме 12 хоспитализирани деца само на Одделот за педијатрија во Тетово, во период од 48 часа. Зошто сега молчат?“, велат од АА.

Од партијата додаваат дека јавното здравје не смее да се третира различно зависно од општината, градоначалникот или дневниот политички интерес.

„Кога бројките се користат за политички напад во Гостивар, а за сериозните бројки во Тетово се избира молк, граѓаните имаат право да бараат одговори. Исти критериуми, исти стандарди и иста одговорност за сите“, стои во реакцијата на Алијанса за Албанците.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието

A1on

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме